сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

РФМ со специјален дрес за родителите на Марко Божиновски

РФМ со специјален дрес за родителите на Марко Божиновски

Денеска од денешната програма од завршницата на Ракометниот Куп најпрво се одигра ревијален натпревар меѓу кадетската репрезентација на Македонија и екипата на Бутел од Скопје.

Овој натпревар ќе биде најава за финалните натпревари во Купот на Македонија. Завршницата од натпреварувањето оваа година се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Пред почетокот на ревијалниот дуел првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, им подари специјален дрес на родителите на ненадејно починатиот ракометар на бутелци,  Марко Божиновски.