Утре во Собранието на Република Македонија нема да има активности поради прекин во снабдувањето со електирчна енергија. За оваа новонастаната ситуација првиот парламентарец Талат Џафери, ги известил пратениците со СМС – пораки.
„Почитувани пратеници, ве известувам дека за утрешниот ден нема закажани активности“, гласи една од СМС – пораките.
Во втората, Џафери го информира пратениците за состојбата со струјата во Собранието.
„Заради прекин во електричното напојување во Собранието, веб страницата на парлемантот е недостапна“, гласи втората порака.