Ќерката на Здравко Чолиќ, Уна веќе сите ја знаат, а сега дојде ред за помладата негова ќерка да ја запознаат сите.
Лара е помалата ќерка на пејачот која е родена 2006 година, а таа овие денови одбележа и годишнина од емотивната врска со момчето, а по тој повод сподели фотографија со момчето.
Ова е прв пат Лара да објави фотографија од своето момче, додека претходно објавуваше фотографии, но само како е во прегратка на мистериозно момче.
Имајќи предвид на кажаните зборови на пејачот пред неколку години очигледно не му е сеедно.
-Горд сум на моите ќерки, како и секој татко. Јас сум тука да ги поддржам и да ги исполнувам нивните желби. Веќе полека започнува и да бираат и момчиња, не знам како ќе се изборам со тоа, тоа ми е најстрашно. Но, сепак тоа е животот и се е нормално, рече тој.