Убеден сум дека Шведска и Финска ќе успеат да влезат во НАТО и Германија прави се што е можно тоа да се случи, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц при посетата на Холандија.
-Сите сакаат Шведска и Финска брзо да станат членки, па убеден сум дека ќе успееме да донесеме заедничка одлука, рече Шолц на прес-конференција со неговиот холандски колега Марк Руте, пренесуваат британските медиуми.
Канцеларот повтори дека Германија ги поздравува кандидатурите на нордиските земји и додаде дека има впечаток дека многу други земји го делат неговото мислење, наведуваат британските медиуми.