вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Жилберто Дуарте нов ракометар на Вардар 1961

Жилберто Дуарте нов ракометар на Вардар 1961

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ја засили бековската позиција со португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте.

31-годишникот настапува на позицијата лев бек и во Скопје ќе пристигне од редовите на Монпеље од Франција

Дуарте е играч со огромно искуство, настапуваше за екипите на ПортоВисла Плок и Барселона, а оваа сезона во Лигата на шампионите даде 24 погодоци.

Тој има и 91 настап за репрезентацијата на Португалија , со 283 погодоци зад своето име.