Милица Тодоровиќ синоќа гостуваше во германскиот град Минхен, а пред многубројната публика ги испеа своите најголеми хитови.
Веднаш потоа пејачката се упати кон аеродромот и се врати во Белград.
Фоторепортерот на порталот Pink.rs се најде на лице место и ја фатил пејачката во необично издание на аеродромот „Никола Тесла“.
Имено, Милица била целосно без шминка, а откако пеела до доцна во ноќта се видело дека е уморна.
Тодоровиќ ги сокри очите и дел од лицето зад белите очила на познат и скап моден бренд, а облече тотално лежерен и опуштен стајлинг – бела маица и кожна јакна.