Пејачката Слаѓа, позната од бендот Алегро се расплака среде емисија, а сето тоа поради прашање на водителката.
Водителката ја праша пејачката дали нешто и недостасува во животот, а нејзиниот одговор ги трогна сите во студиото.
-Ми недостига некој во животот, навистина многу ми недостига татко ми… Како и секој ден, се ми е некако потешко, но вака материјално воопшто не, рече Слаѓа.
Најболно за неа е што нејзиниот татко не успеал да биде дел од животот на нејзината ќерка, односно негова внука.
-Прилично сум емотивна и ми се чини дека се уште не сум го прифатила неговото заминување, само ми е жал што не ја виде својата внука, рече таа.