Пејачката Слаѓа Алегро “доживеа“ нервен слом и ги остави сите во страв. Сепак, станува збор само за песната, која веќе исплаши многумина по своето име.
Слаѓа го смени музичкиот тим, а како што вели и самата пејачка, сакала да го освежи својот репертоар и да внесе нова енергија.
-Убаво е да се внесе некоја нова енергија, некоја нова душа, што е слично на нас. Одамна имам желба музички да соработувам со човек како Сашко Николиќ. Мислам дека ја погодивме целта. Како и обично, за видеото се погрижи мојот продуцент Шаран. Шаран знае како и на кој начин сакам да презентирам проект, ова видео е направено како трејлер од нашиот живот. Во спотот се појавуваат и моите музичари Дејан Јанковиќ и Иван Митровиќ, но секако и Шаран. Видеото нè претставува како пријатели и колеги, ја делиме сцената и заедничкиот живот и такви сме, открива Слаѓа и додава:
„Во наредниот период ќе ве очекуваат многу нови песни и многу сум среќна што сето тоа се случи. Многу шеги, многу песни и уште повеќе љубов. Само сакам публиката да ужива во тоа исто како и ние и да ја почувствува нашата енергија“ – рече таа!