вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Талибанците потпишаа договор за управување со аеродроми со компанија од Емиратите

Талибанците потпишаа договор за управување со аеродроми со компанија од Емиратите

Талибанските власти во Авганистан денеска соопштија дека потпишале договор за управување со три аеродроми со компанија од Обединетите Арапски Емирати.

Според договорот, GAAC Solutions на Абу Даби ќе управува со аеродромите во Херат, Кабул и Кандахар.

Заменик-премиерот на Талибанците Абдул Гани Барадар го опиша договорот како обновување на претходниот договор со Емиратите.

„По извесно време преговори во врска со договорот за воздухопловство, фала богу тие се завршени и постигнат е договор“, рече Барадар.

На церемонијата на потпишувањето, Барадар рече дека талибанците сакаат добри односи со сите земји и ги повика инвеститорите да инвестираат во Авганистан.

За управување со авганистанските аеродроми биле заинтересирани и Турција и Катар, но тие земји побарале да имаат нивно обезбедување на аеродромите и не бил постигнат договор.  (МИА)