Олег Прудкиј, 30-годишниот украински шампион во бокс, беше убиен во напад на руските сили врз градот Черкаси во централна Украина .
Според соопштението на градската полиција, тој го загубил животот со уште тројца полицајци додека бил на улица:
„На 22 мај, додека го бранеа суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, беа убиени наши колеги, полицајци во Единицата за специјални операции. Нема зборови за да се опише оваа болка и загуба. Ги наведнуваме главите пред нивните родители. Во нашето сеќавање ќе останат запаметени како искрени и принципиелни луѓе, добри пријатели и колеги. Изразуваме длабоко сочувство“, се вели во соопштението на полицијата.
Смртта на двократниот шампион на Украина во бокс ја потврди и неговата сопруга Маријана.
Во моментот на смртта имал 30 години, а зад себе оставил две ќерки.