Украинските власти денеска соопштија дека борбите во источниот регион Донбас во земјата го достигнале најжестокото ниво досега, бидејќи руските сили навлегуваат подлабоко во индустрискиот регион.
– Борбите го достигнаа својот максимален интензитет, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина, Гана Маљар на брифинг со новинарите.
Таа предупреди дека претстои „исклучително тежок“ и „долг“ период на борби.