четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Харисон Форд откри, еве кога новото продолжение на „Индијана Џонс“ ќе се најде во кино салите

Харисон Форд откри, еве кога новото продолжение на „Индијана Џонс“ ќе се најде во кино салите

Холивудскиот актер Харисон Форд откри дека петтото продолжение од „Индијана Џонс“ ќе се најде во кино салите во јуни следната година.

Актерот го откри и точниот датум по изведбата на светски познатата тема од филмот  од композиторот Џон Вилијамс на прослава во Калифорнија.

Форд му се придружил на Вилијамс на сцената, му го честитал неодамна прославениот 90 роденден истакнувајќи дека музиката го следела насекаде.

-Знаете, среќен сум поради тоа. Таа музика свиреше во операционата сала кога ја имав последната колоноскорија, ги насмеа актерот присутните.

За филмот истакнал дека е горд на него, и дека излегува пред публиката на 30 јуни 2023 година.