недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Украдени уметнички слики од канцеларијата на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер

Украдени уметнички слики од канцеларијата на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој во изминатите недели беше постојано во фокусот на медиумите поради останувањето на функцијата во руска компанија, сега стана мета на кражба.

Пет уметнички слики од приватниот имот на Шредер исчезнаа од зградата на германскиот Бундестаг, каде тој има канцеларии.

Украидени се дела на уметникот Увер Бремер и еден неименуван кинески уметник. Тие уметнички дела цели 16 години го красат јавно достапниот простор пред канцеларијата на Шредер, пишува магазинот „Стерн“.

Бундестагот го потврди исчезнувањето на сликите, како и дека Шредер во понеделникот поднел кривична пријава против непознати лица. Од Бундестагот посочуваат дека ваквите кражби се невообичаени во нивните згради.