вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Колев: Започна со бетонирање улицата „Благој Ќирков“ во левата страна на градот Велес

Колев: Започна со бетонирање улицата „Благој Ќирков“ во левата страна на градот Велес

Денес отпочнавме со бетонирање на улицата „Благој Ќирков“ во левата страна на градот, каде претходно беше заменета старата поцинкувана водоводна мрежа со нова, истакна градоначалникот на Велес, Марко Колев.

„Согласно расположливите ресурси и во наредниот период ќе продолжиме со реализација на предвидените проекти во сите делови на Општината.

Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност“, посочи тој.