понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Казнети 131 возач во Скопје, 36 возеле под дејство на алкохол

Казнети 131 возач во Скопје, 36 возеле под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 7 мерки за користење мобилен телефон.

Изречени се 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 36 санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за некористење на сигурносен, седум санкции за возач почетник…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.