Околу сто луѓе се убиени во судирите што се случија на 23 и 24 мај помеѓу самостојните рудари на злато во северниот дел на Чад, изјави денеска министерот за одбрана Дауд Јаја Брахим.
Судирите избија во рудник за злато во планинскиот округ Коури Боугоуди, во близина на границата со Либија.
Брахим наведе дека сите неформални рударски операции се запрени и оти продолжува евакуацијата на луѓе од локацијата.