среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноска: Изгласан законот за земјоделство и рурален развој со помош на ВМРО-ДПМНЕ, без опозицијата тоа немаше да се случи

Стојаноска: Изгласан законот за земјоделство и рурален развој со помош на ВМРО-ДПМНЕ, без опозицијата тоа немаше да се случи

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека денеска во собранието се изгласал законот за земјоделство и рурален развој и дека да не биле пратениците на опозицијата тоа немало да се случи.

-📌 Денес се изгласа законот за земјоделство и рурален развој, но НЕ затоа што коруптивниот министер за земјоделие замоли за тоа и НЕ затоа што имаше присутни 64 пратеници од владеачкото мнозинство.

📌 Се изгласа со 51 глас ЗА од мнозинството и 39 гласа ЗА од ОПОЗИЦИЈАТА.

📌 Што значи, да не беше опозицијата присутна денес, овој закон немаше да биде донесен.

📌 Што значи, опозицијата АКТИВНО БЛОКИРА само штетни и коруптивни предлози на закони.

📌 Што значи, опозицијата е СЕКОГАШ тука и СЕКОГАШ аргументирано критикува и се произнесува, за разлика од мнозинството кое е нем следач и недоволно присутно за да изгласа свој предлог на закон.

📌 Што значи, 64 не е еднакво на 51.

📌 Што значи, ПРЕМНОГУ Е!

#изборите_се_излезот, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Најнови вести