вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ изработи два закони со кои акцизата за горивата ќе се преполови, го повикуваме мнозинството на итна седница да ги изгласаме

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ изработи два закони со кои акцизата за горивата ќе се преполови, го повикуваме мнозинството на итна седница да ги изгласаме

Власта во текот на вчерашниот ден потврди дека нема допир со реалноста. За првпат во историјата литар бензин чини над 100 денари, а ни дизел горивото не заостанува многу и чини 95 денари за литар. Од утрово и цените на основните прехранбени производи брашно, зејтин, месо, јајца, леб, ориз, млеко се повисоки за најмалку 5%. Инфлацијата во април кога имаше некакви мерки беше 10,5%, колку ли ќе биде за јуни со вакво ценовно цунами кое ни се случува, изјави денеска за медиумите пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тој истакна дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија познавајќи колку власта е неодговорна изработи два закони со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.

– Единствена цел на власта е успешно спроведување на операцијата спасување на владеачката коалиција, а граѓаните за жал се колатерална штета. Повикуваме за малку разум кај колегите од мнозинството и сите заедно на итна седница да ги изгласаме предлог законите за акцизите и данокот на додадена вредност. Цената за литар Еуросупер 95 е 104 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 81 денар. Цената за литар Еуросупер 98 е 106,5 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 83 денари. Цената за литар Еуродизел е 95 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 76 денари. Ваквото ноншалантно однесување за потребите на граѓаните од страна на СДСМ и ДУИ мора да биде казнето на предвремени парламентарни избори оваа есен, појасни Стојаноски.

Тој ги повика граѓаните на 18ти јуни, да излезат на протестот пред Влада и да им испратат порака дека не ги бива и дека мора да си одат.

Најнови вести