Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ и Градот Скопје денеска ќе извршат пресадување на едно повеќегодишно дрво од типот Платан, од улицата Васко Карангелевски во Аеродром.
Платанот ќе биде пресаден на претходно избрана локација во Градскиот парк.
-Пресадувањето ќе биде извршено со специјалната машина за пресадување на дрвја, која е во сопственост на ЈП Паркови и зеленило. Дрвото се пресадува поради овозможување на продолжување на градежните активности за проширување и изградба на улицата Васко Карангелевски, велат од Град Скопје.