среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вељановски: Бараме бришење на маркиците за изградба на висококатницa во Карпош, доколку не се постапи на следната седница ќе предложиме привремена суспензија на ДУП

Вељановски: Бараме бришење на маркиците за изградба на висококатницa во Карпош, доколку не се постапи на следната седница ќе предложиме привремена суспензија на ДУП

Почитувани граѓани на Карпош, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Карпош со крајна загриженост ја прими изјавата на градоначалникот на општина Карпош, г-динот Стевчо Јакимовски за можна изградба на 28-катница на територијата на општина Карпош, изјави денеска за медиумите, Роберт Вељановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на општина Карпош.

Тој истакна дека согласно со нивните заложби, а во насока за хумано урбано живеење во Карпош и борба против урбаната мафија бараат од градоначалникот на општина Карпош веќе на следната, најавена седница која треба да се одржи на 8 јуни да предложи точка на Дневниот ред со овој ДУП, за Советот на општината да може да расправа за носење на Предлог-одлука за бришење на градежната маркичка за предметната висококатница или поништување на ДУП-от во целина.

– Доколку, почитуваниот градоначалник не предложи таква точка на Дневен ред, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на Седницата на 8 јуни, на Советот на општина Карпош ќе му предложи точка на Дневен ред со која привремено ќе бараме суспензија на предметниот ДУП, со што и формално-правно ќе постигнеме забрана за издавање на градежна дозволи за објектот за колективно домување (висококатница). За оваа иницијатива, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бара поддршка и од останатите советнички групи во Советот на општина Карпош, додаде Вељановски.

Најнови вести