вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мецола: На руските лобисти им е забранет пристап до ЕП

Мецола: На руските лобисти им е забранет пристап до ЕП

На руските лобисти им е забранет пристап до Европскиот парламент, соопшти денеска претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

Таа на Твитер истакна дека Европа мора да се заштити од влијанието на Кремљ и пропагандата за војната во Украина поради што на претставници на руски компании отсега им е забранет влез во парламентот.

– Не смееме да им дозволиме простор да ја шират својата пропаганда и лажни, токсични наративи за инвазијата на Украина, наведе Мецола.

– Ќе останеме обединети и силни против автократите, подвлече таа. (МИА)