понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Совети за мажи: Како да го решите проблемот со прекумерното потење?

Совети за мажи: Како да го решите проблемот со прекумерното потење?

Ако ви се чини дека правите се што е во ваша моќ и како што треба, но потењето под пазувите се уште претставува проблем за вас, обидете се да ги примените следните превентивни методи.

Туширање

Туширајте се почесто и темелно. Користете посебен сапун и никогаш не заминувајте некаде пред да се истуширате.

Соодветни производи

Добро размислете за тоа дали користите соодветни производи. Ако веќе имате проблем со прекумерното потење под пазувите, проверете дали користите адекватни антиперспиранти и дездоранси.

Покрај соодветниот дездоранс, користете спреј за тело. Немојте во никаков случај мирисот на потта да го камуфлирате со тоалетна вода. Ако сте заглавени во град и сте далеку од домот и тушот преку целиот ден, задолжително имајте при себе антиперспирант марамици.

Нега на влакната под пазувите

Посветете внимание на влакната под пазувите, бидејќи на нив се таложи голем број бактерии, кои создаваат непријатен мирис. Можеби дури и со мало скратување на влакненцата да забележите дека непријатните мириси се намалени.

Облека

Слоевитото облекување е број 1 за сите луѓе кои прекумерно се потат под пазувите. На овој начин ќе можете да отстраните одреден слој од облеката, доколку ви стане претопло.