„Сите кои што се против Владата на СДСМ и ДУИ се добредојдени. И јас очекувам десетици илјади можеби и стотици илјади луѓе да ни се приклучат од сите етнички заедници во Македонија. И еве отворен повик до сите опозициони политички партии без разлика дали претставуваат една или друга етничка заедница да ни се приклучат и заедно да ја срушиме оваа Влада“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од Битола одговарајќи на новинарско прашање дали очекува на 18-ти јуни на најавениот протест поддршка од албанската опозиција.
Николоски ги повика сите кои што се против владеењето на СДСМ и ДУИ да се приклучат на митингот на 18-ти јуни со цел да се побара предвремени парламентарни избори и да се стави крај на неспособната Влада која што само и наштетува на Македонија и македонскиот народ.