сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ако патувате кон Грција еве колку време се чека на граница

Ако патувате кон Грција еве колку време се чека на граница

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 20 – 30 минути, соопшти утрово АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести