Ракометарките на Кристијанштад ја одбранија европската титула во женската ракометна Лига на шампионки откако попладнево во големото финале го победија унгарски Ѓер во битката за трофејот со 33-31.
Кристијансанд лани ја освои својата прва европска титула, а денеска успеа да ја одбрани и тоа со фантастичната серија од 6-0 во првиот дел кога предноста од максимални плус три на Унгарките (10-7) ја претворија во плус три за нив (13-10) и потоа предноста не ја испуштија до крајот.
Само еднаш Ѓер комплетно успеа да се врати во мечот во воведот од вториот дел кога израмни на 16-16, но брзо Кристијансанд дојде до два-три гола разлика и таа дистанца од најмалку два гола постојано ја одржуваше, во финишот дојдоа и до најголемите плус четири (33-29) и јасно беше сѐ на мечот, кој на крај заврши само со два разлика.
Јарабкова даде шест гола, Гулден и Кнедликова по пет за старо-новите шампионки, додека Хансен со шест беше најефикасна кај Ѓер.