петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на Џафери на седница на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања

Пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на Џафери на седница на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања
МИА

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања денеска ќе одржи седница.

На дневен ред на седницата е пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на пратеникот Талат Џафери, поднесена од пратениците Дафина Стојаноска, Антонијо Милошоски, Ели Панова, Рашела Мизрахи, Александар Николоски, Дајанчо Ефтимов, Александар Велјановски, Бети Стаменкоска Трајкоска, Зоран Коцевски, Драган Ковачки, Тони Јаревски, Лидија Петкоска, Бојан Стојаноски, Велика Стојкова Серафимовска, Даниела Христова, Иванка Василевска, Благица Ласовска и Љупчо Пренџов, под архивски број 30-2335/1 од 18 мај 2022 година.

Собранискиот спикер Талат Џафери на последниот брифинг со новинарите рече не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со погрдни зборови. Тој не смета дека го прекршил Етичкиот кодекс и вели дека за ова прашање има процедура која тече во телата на Собранието.

Најнови вести