Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска изјави дека нема да учествува на самитот на Американски држави, што почнува денеска во Лос Анџелес, бидејќи САД не поканија некои земји, алудирајќи на Куба, Венецуела и Никарагва.
– Не одам на Самитот затоа што не се поканети сите американски земји. Верувам во неопходноста од промена на политиката што се наметнува со векови, а тоа е исклучување, истакна Обрадор, еден од главните американски партнери во регионот.
Обрадор неодамна изјави дека нема да оди на самитот доколку САД не ги поканат Куба, Венецуела и Никарагва, како што претходно предложи администрацијата на претседателот Џо Бајден.