четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Одбојкарите на Македонија ја совладаа Романија

Одбојкарите на Македонија ја совладаа Романија

Македонската одбојкарска репрезентација ја прекина црната серија од три порази по ред и конечно славеше против Романија во петтото коло со 3-1 во сетови, односно 25-21, 22-25, 25-19 и 25-22.

Првиот сет го доби македонската селекција со 25-21, во вториот Романците излегоа како подобри (22-25), а во следниот „спартанците“ имаа одличен настап и го добија со 25-19.

Македонија по пет одиграни меча се наоѓа не третата позиција со седум бодови, односно три помалку од Албанија и четири помалку од лидерот Романија, додека на последната позиција е БиХ со два бода.