петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Му се брзало: Скопјанец фатен на радар со 201 км/ч , казнети 172 возачи

Му се брзало: Скопјанец фатен на радар со 201 км/ч , казнети 172 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 172 возачи.

Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 71 возилo ја пречекорилo брзината во населено место, а 101 надвор од населено место.

Еден од казнетите возачи е и скопјанец кој со својот автомобил „БМВ“ возел со брзина од 201 километар на час.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.

Најнови вести