петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Казнети 516 возачи за брзо возење, 18 возеле со повеќе од 70 км/ч над дозволеното

Казнети 516 возачи за брзо возење, 18 возеле со повеќе од 70 км/ч над дозволеното

Во текот на вчерашниот ден (10.06.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 516 возачи.

Од нив 59 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 18 возила се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 159 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 357 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 77 други видови прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести