четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонските одбојкари ја победија БиХ

Македонските одбојкари ја победија БиХ

Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија го одигра последниот натпревар од групната фаза во  Европската Сребрена лига

Во дуелот од последното 6.коло одигран во Тузла, нашата репрезентација ја победи селекција на БиХ со 3-0 по
сетови 25-21, 25-21 и 25-20.

Со оваа победа и трите освоени бодови црвено-жолтите сега се израмнија со Албанија на втората позиција на табелата.

Сега нашите одбојкари ќе го чекаат исходот од утрешниот меч меѓу водечката Романија и Албанија во кој Албанците несмеат да освојат повеќе од еден сет.  Во спротивно тие, а не ние би играле на завршниот турнир во Унгарија.

Кој ќе биде епилогот ќе дознаеме по средбата меѓу Романија – Албанија која е закажана за во утре 16 часот.