На 13.06.2022 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Велес спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.
Притоа, санкционирани се 40 возачи, од кои 18 во Велес, 13 во Неготино и девет во Кавадарци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и сите се санкционирани за управување на возило со брзина поголема од пропишаната надвор од населено место.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.