Пред само малку повеќе од година и полововина, целиот врв на Социјалдемократскиот сојуз направи најмалку 5 настани поврзани со Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе, истакна Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.
-За сликање се наредија тогашниот премиер Зоран Заев и тогашниот градоначалник Стефан Богоев, па потоа Богоев и тогашниот министер Мила Царовска, по неколку месеци Заев, Богоев и министерот Јагода Шахпаска, итн. Сите настани беа поткрепени со прес конференции и воспевања како и колку СДСМ квалитетно гради и колку многу се грижи за децата од предучилишна возраст.
Тврдеа дека несигурната монтажна барака на Детската градинка Мајски цвет во Тафталиџе 2 ќе прерасне во супер сигурен објект за престој на децата во супер сигурна тврда градба.
Исплатија милиони денари, пари на граѓаните на Карпош, и го постигнаа следниот резултат – плафонот во неколку простории на градинката, по неполна година и половина, се урна!
Среќа во целата несреќа е што “во целосно новиот објект” оваа немила случка се случи за време на викенд, кога ниту едно дете не престојува во градинката.
За несреќата во модуларната болница во Тетово виновен беше кабелот, за рушењето на таванот на градинката, веројатно, ќе го обвинат олукот.
СДСМ никогаш нема да бара виновници онаму каде што се во прашање и каде што се засегнати нивните бизнис интереси. За нив, јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, се апсолутно не важни.
Оттука, поставуваме неколку прашања:
1. Ќе превземе ли некој одговорност за рушењето на таванот на градинката?
2. Дали покрај изведувачот на реконструкцијата, фирма миленик на ДУИ, тендер за изведба на санација на објектот Детска градинка Мајски цвет, во Тафталиџе 2 добила и фирмата миленик на СДСМ која во општина Ѓорче Петров продаваше машина за перење алишта за 20.000 евра?
3. Дали и колку други тендери им се дадени на овие две фирми од претходното раководство на општина Карпош?!
4. Вредат ли профитот и бизнис релациите на СДСМ и ДУИ повеќе од безбедноста на најмладите жители на општина Карпош?!, додаде Велјановски.