четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во утре и во петок во Штип ќе се прска против комарци

Во утре и во петок во Штип ќе се прска против комарци

Утре и в петок Општина Штип ќе спроведе авионско и теренско прскање против комарци. Со тереистичката дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети.

Во соопштението на Општина Штип се вели и дека со авионската дезинсекција, пак, ќе биде опфатено централното и приградското подрачје, како и течението на река Брегалница, река Отиња и зелените површини во урбаните населби на територијата на општина Штип со површина до 850 хектари.

– На ден 15.6.2022 год. (среда наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината Штип ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот наутро, со апаратура за УЛВ ладно запрашување. На ден 17.06.2022 год. (петок наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината ќе спроведе авионска дезинсекција, со цел уништување на возрасните комарци. Запрашувањето ќе се спроведува во периодот од 05:00 до 07:30 часот наутро, се вели во соопштението од општината.

Од таму апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот ден.