сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Реконструкција на спортски терени во Кавадарци

Реконструкција на спортски терени во Кавадарци

Се реконструираат спортски терени во општината Кавадарци, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

-Започна реконструкцијата на теренот во спортскиот центар „Јасмин” и теренот во село Марена, која опфаќа обработување со земјени работи, подземен систем за наводнување и дренажа, навилирање и садење на нова трева, појаснија од градоначалничкиот кабинет.

По ова, нагласија од кабинетот на Јанчев, следува реконструкција и на терените во Ваташа, Глишиќ и Дреново.