четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 345 санкции за брзо возење

МВР: 345 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 345 возачи.

Од нив три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 152 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 193 надвор од населено место. За време на акциската контрола констатирани и законски санкционирани биле и 122 други видови прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести