Во судири помеѓу демонстрантите и полицијата во Никарагва синоќа загинаа најмалку осум луѓе, меѓу кои и 15-месечно бебе.
Од почетокот на протестите на 28 април со барање за оставка на претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, која е заменик претседател, загинаа над 200 луѓе.
– На вчерашниот протест во Манагва загинаа седум луѓе, а во бунтовничкиот град Масаја еден, соопшти Центарот за човекови права на Никарагва.
Центарот наведе и дека во ноќта помеѓу петокот и саботата никаракванската полиција и полувоени групи нападнале студенти, кои биле забарикадирани во Националниот автономен универзитет на Никарагва во Манагва. При нападот загинале две лица, а 15 се повредени.