среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Триесет проценти од германските инвеститори би ја напуштиле земјава

Триесет проценти од германските инвеститори би ја напуштиле земјава

Триесет проценти од странските инвеститори или скоро една третина од германските компании би ја напуштиле државата и би го префрлиле својот бизнис од Македонија во друга држава.

Криминалот и корупцијата, неефикасната јавна администрација и нефуинкционалниот едношалтерски систем се најголемите пречки за работа во земјава.

Ова се дел од заклучоците на новата анкета спроведена од македонско=германското стопанско здружение за деловната клима во земјава – анкетата покажала и дека инвеститорите имаат проблем со правната несигурнос, политичката нестабилност и инфраструктурата.

Резултатите од анкетата која денеска беше презентирана покажала и дека има тренд на опаѓање на фирмите кои повторно би инвестирале во државата.

Трговската размена меѓу Македонија и Германија надминува 4.7 милијарди евра, а извозот е тројно поголем од увозот. Во Македонија има околу 200 компании со германски капитал кои вработуваат околу 20.000 лица.