Енергетската безбедност на Европа не е во директен ризик поради тоа што Русија денеска ги намали испораките на гас за голем број европски земји, изјави портпаролот на Европската Комисија.
– Врз основа на нашата размена утринава со националните претставници преку Координативната група за гас, нема индикации дека во моментов постои ризик за безбедноста на снабдувањето, рече портпаролот.
Тој додаде дека Брисел и националните власти на земјите од ЕУ внимателно ја следат ситуацијата.