понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Франција веќе не се испорачува природен гас од Русија

Во Франција веќе не се испорачува природен гас од Русија

Франција веќе не прима природен гас од Русија преку гасовод од 15 јуни, соопшти денеска мрежниот оператор ГРТгаз, откако рускиот енергетски гигант Газпром оваа недела предупреди дека остро ќе ја намали испораката во Европа.

„Газпром“ соопшти дека намалувањето на снабдувањето преку гасоводот „Северен поток“ е резултат на поправка.

Сепак, претставниците на ЕУ веруваат дека Москва ги казнува сојузниците на Украина, каде што руските сили започнаа инвазија во февруари, јавија француски медиуми.