четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Околу 460 мигранти спасени од крајбрежната стража крај Либија

Околу 460 мигранти спасени од крајбрежната стража крај Либија

Либиската крајбрежна стража соопшти дека спасила 460 африкански мигранти во Средоземното Море во близина на либискиот брег.

Крајбрежната стража спасила во води во близина на градот Злитен 97 луѓе, меѓу кои 22 жени и 26 деца кои патувале со гумен чамец.

Уште 361 луѓе, меѓу кои 88 жени и 44 деца, кои патувале со два брода, спасени биле во води во близина на градот Хомс.

На сите мигранти им е дадена хуманитарна и медицинска помош. Тие биле однесени во поморска база во Триполи и бегалски камп во Хомс.

МИА