петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Главниот обвинител на САД најави тим истражители на воените злосторства во Украина

Главниот обвинител на САД најави тим истражители на воените злосторства во Украина

Јавниот обвинител Мерик Гарланд објави тим за истрага на воени злосторства за време на денешното ненајавено патување во Украина, кој ќе работи на идентификување и кривично гонење на сите кои извршиле воени злосторства во Украина.

Тимот, рече Гарланд, ќе биде предводен од најпознатиот нацистички ловец на одделот, Ели Розенбаум, и ќе биде составен од експерти во истраги кои вклучуваат кршење на човековите права и воени злосторства. Розенбаум, ветеран со 36 годишно искуство од Министерството за правда, претходно работел како директор на Стратегијата и политиката за спроведување на човековите права,а му помогна на одделот во над 100 случаи за да им одземе државјанство или да депортира обвинети нацисти, според Министерството за правда.

Најавата е силен сигнал од Министерството за правда дека е заинтересирано да ги истражи воените злосторства во тековната војна во Украина и по претходниот обид на Министерството за правда да го заплени имотот на руските олигарси.

„Нема скривалиште за воени злосторници. Министерството за правда на САД ќе ги следи сите начини на одговорност за оние кои вршат воени злосторства и други злосторства во Украина“, рече Гарланд во Украина. „Работејќи заедно со нашите домашни и меѓународни партнери, Министерството за правда ќе биде немилосрдно во нашите напори да го повикаме на одговорност секое лице соучесник во извршувањето на воени злосторства, тортура и други тешки прекршувања за време на неиспровоцираниот конфликт во Украина“.

Гарланд, исто така, рече дека Министерството за правда ќе испрати тројца обвинители да ја советуваат Украина, како и земјите од Европа и Блискиот Исток, во борбата против руските напори да ги избегне глобалните санкции, објави Си-Ен-Ен.