Возач од Нов Зеланд за дланка избегна можна смрт, тој успеа да забележи одрон и закочи на време со својот автомобил.
Да не застанеше, врз него ќе паднеше многу земја и камења, кои паднаа на патот и потполно го блокираа.
Возачот Мајкл Трабудраву, го сними целокупниот тек на одронот.
Службата за транспорт на Нов Зеланд веднаш го затвори овој пат, а настанот го опиша како „значаен“.