петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВНИМАВАЈТЕ: Утре блокада на влезот во Скопје кај Автокоманда

ВНИМАВАЈТЕ: Утре блокада на влезот во Скопје кај Автокоманда
Police officer holds the stop sign in his hand in Belgrade, Serbia. 22.04.2017. Mondo/Stefan Stojanovic

Утре од седум до десет часот синдикалците ќе го блокираат влезот во Скопје кај населбата Автокоманда, бидејќи Владата не одговара на барањата за зголемување на платите во јавниот сектор, потенцираат од ССМ.

Службениците своите обврски ќе ги извршуваат со минимум капацитети. Синдикатот најави дека секој ден ќе поставува блокади на различни локации.

„Утрешната блокада на влезот или излезот на главниот град е само почеток е на еден нов начин на изразување револт кон институциите

Потоа најавуваат дека ќе следува и блокада на останатите влезови на Скопје, како и протести пред Владата, Собранието и останатите ресорни министерства кои се надлежни за решавање на нивниот проблем“.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.

Најнови вести