петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Борачот Нуров обезбеди полуфинале на Медитеранските игри

Борачот Нуров обезбеди полуфинале на Медитеранските игри

Македонскиот претставник Магомедгаджи Нуров се пласираше во полуфиналето на турнирот во борење слободен стил на Медитеранските игри, а противник за пласман во финалето вечерва ќе му биде Мостафа Елдерс од Египет.

Нуров обезбеди полуфинале со три убедливи победи со технички туш против противници од Тунис, Алжир и Шпанија.

Своите настапи на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран ги завршија македонските каратисти Петар Заборски, Симона Заборска и Петар Спасеновски, откако сите тројца претрпеа порази во првото коло од Енес Гарибовиќ од Хрватска, Тамара Живковиќ од Србија и Мароканецот Набил Еч-Чаби.

Владимир Егоров и Фати Вејсели, исто така, во првото коло ги загубија своите натпревари во борење слободен стил.  (МИА)