петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кјелце ќе бара вајлд-карта за Супер глоуб

Кјелце ќе бара вајлд-карта за Супер глоуб

Полскиот ракометен шампион Кјелце сака да учествува на Супер глоуб турнирот во Саудиска Арабија, кој ќе се одржи во месец октомври, пренесува полскиот портал „ТВП Спорт“.

Раководството на клубот се обидува да добие вајлд-карта за настап на еден од најсилните турнири на светот.

Келце на Супер глоуб турнирот учествуваше во 2016 година, откако обезбеди директен пласман како европски шампион. Избраниците на Талант Душебаев во дебитанскиот настап го освоија бронзениот медал.Со текот на годините, имаше промена на форматот на турнирот, бројот на учесници и местото на одржување. За оваа година е предвидено да учествуваат десет екипи.