Ѕвездата на фолк музиката Миле Китиќ наскоро ќе објави дуетска песна со својата ќерка Елена.
Елена Китиќ е голема ѕвезда за помладата публика на Балканот, па нејзините фанови едвај чекаат да излезе нова нејзина песна.
-Ќе се појави за петнаесетина дена. Јас го завршив мојот дел, го направив тоа, бидејќи Елена беше малку отсутна. Само уште нешто треба да се направи во рефренот, работат Љуба и Лаќа, синот на Марина. Не бев за тоа, но песната е исклучително добра, има своја приказна, без разлика што јас и таа сме два света во музиката. Сигурен сум дека песната ќе помине, убеден е Миле, кој се гордее со наследничката.
-Горд сум на моето дете, мислам дека е на добар пат. Гледам дека ја слушаат и важно ми е што пораснала во нормална девојка, посочи тој.