Македонската ракометна репрезентација загуби од Шпанија со убедливи 22-31 во рамкиte на 3.коло од групата Б на Медитеранските игри во Оран,Алжир.
„Црвената фурија“ беше преголем залак за избраниците на селекторот Кирил Лазаров, кои беа во резултатски егал само во почетните 10 минути.
Со една серија од 5-0, противник во финишот на првиот дел направи предност од 7-13, а на полувремето беше 8-14. Шпанија ги казнуваше сите загубени топки на Македонија и секој нереализиран напад.
Повторно имаше серија од 5-0, кога дојде до најубедливите 13-25. Нашите ракометари малку се консолидираа во финишот и го ублажија поразот за конечни 22-31.
Мартин Серафимов со осум голови беше најефикасен во нашиот табор, а интересно е тоа што сите играчи се запишаа во листата на стрелците совен Кристијан Симоноски.
Утре од 19 часот се среќаваме со Турција во рамки на 4.коло. Досега на турнирот од три натпревари имаме победа против Грција, реми со домаќинот Алжир и денеска пораз од Шпанија.