петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Европската Унија загрижена од можен неуспех на преговорите за иранската нуклеарна програма

Европската Унија загрижена од можен неуспех на преговорите за иранската нуклеарна програма

Амбасадорот на Европската Унија (ЕУ) во Обединетите нации (ОН) Олоф Скуг изрази загриженост од можен неуспех на преговорите по однос иранската нуклреарна програма.

– Можеби нема да ја видиме завршницата, рече Скуг на состанокот на Советот за безбедност на ОН каде се разговараше за иранскиот нуклеарен договор.

Скуг рече дека иранскиот нуклеарен договор не е билатерално прашање меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран и оти страните во договорот донеле многу тешки политички одлуки. Сепак изрази загриженост дека преговорите може да пропаднат повикувајќи да не се пропушти можноста за постигнување конечен договор.

Иранскиот нуклеарен договор, официјално наречен Заеднички сеопфатен план за акција (JCPOA), беше потпишан во 2015 година од Иран, САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија, Германија и Европската унија.

Според договорот, Техеран се обврзува да ја ограничи својата нуклеарна активност на цивилни цели, а светските сили се согласија да се откажат од економските санкции кон Иран. САД под управа на поранешниот претседател Доналд Трамп, еднострано се повлекоа од договорот во 2018 година и воведоа санкции кон Иран, што доведе до тоа Техеран да престане да го почитува договорот. (МИА)