Женската репрезентација на Македонија која на Медитеранските игри во Алжир настапува со состав од кадетско-младински микс, беше поразена на вториот натпревар од поискусната репрезентација на Србија со 18:26 (8:10).
Ракометарките на Србија победата ја обезбедија во второто полувреме кога при нерешен резултат од 16:16 направија серија од 8:0 и рутински ја завршија задачата во денешниот дуел. Во првиот натпревар, Македонија беше поразена од Турција.
Најефикасни во репрезентацијата на Македонија беа Јована Кипријановска и Теодора Дукоска со по пет погодоци, додека Ивана Арсенивска и Андреа Седлоска постигнаа по три гола во противничката мрежа.
Репрезентацијата на Португалија е последниот противник на Македонија во првата фаза на Медитеранските игри. Натпреварот против Португалија е закажан за 2 јули, со почеток од 15:15 часот.